Достапни линкови

logo-print

Прекршување на примирјето во источна Украина


Проруските сепаратисти во градот Доњецк соопштија дека дошло до прекршување на примирјето во градот. Прецизирано е дека станувало збор за две гранатирања врз станбени блокови во Доњецк. Притоа, како што се наведува, загинале најмалку две лица. Прекинот на огнот меѓу проруските бунтовници и украинските сили, договорен на 5 овој месец, главно се почитува. Двете страни во минатиот викенд се договорија за повлекување на тешкото артилериско оружје и за воспоставување тампон зона.

XS
SM
MD
LG