Достапни линкови

Обама на Генералното собрание на ОН


Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе има обраќање на Годинашното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации. Тој ќе се осврне врз меѓународната воздушна кампања протв милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак, но и за нашините за решавање на кризата во Украина и на опасноста од еболата. Обама ќе има и прва средба со новиот ирачки премиер Хајдер Ал Абади. Потоа Обама ќе претседава и на невообичаен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации на кој се очекува усвојување резолуција со која од земјите се бара спречување на регутрирање и транспортирање странски борци во редовите на милитантите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG