Достапни линкови

logo-print

Вардар и Металург со големи желби пред стартот на Лигата на шампионите


Стојанче Стоилов.

Стојанче Стоилов.

Двата ракометни клуба имаат желба да се потврди високиот рејтинг, но и најави за постигнување нов историски успех.

Со желба да се потврди високиот рејтинг, но и најави за постигнување нов историски успех за македонскиот машки клупски ракомет, двата наши најдобри клубови Вардар и Металург, го очекуваат стартот на новата сезона од Лигата на шампионите (27 септември). Во неа и двата гиганта влегуваат како актуелни четвртфиналисти, досега најголем успех кој, според домашната спортска јавност, може да биде надминат веќе во мај идната година со пласман на полуфиналниот турнир во Келн.

Имаме тешка група, но се надевам дека во најмала рака ќе го постигнеме успехот од лани. За фајнал - фор, нормално дека мислам дека имаме шанси, тимот е засилен, имаме светски играчи кај нас.

Тоа, пред се важи за Вардар, кој пред 5 месеци остана во Топ 8 само поради еден повеќе примен гол на домашен терен од актуелниот европски првак Фленсбург. Таа болна елиминација сепак, покажа дека Дибиров, Душебаев, Стоилов, Карачиќ, Брумен, Ангелов и другите избраници на тренерот Раул Гонзалес имаат квалитет за повисоки дострели, убедување кое сега е уште поголемо бидејќи во меѓувреме клубот се засили со исто така светските ѕвезди Штербик, Горбок, Лацковиќ и Шишкарев.

Филип Миркуловски.

Филип Миркуловски.

Овој состав прво за пласман во Топ 16, ќе треба да го освои најмалку четвртото место во групата во која се и Веспрем, Монпеље, Рајн Некар, Целје и Чеховски Медведи. Противниците не се за потценување, но не би требало да бидат и непремостлива пречка за клубот кој има сили за многу повеќе од влез во осминафиналето, смета пикерот Стојанче Стоилов.

Мислам дека сме зрели веќе да одиме чекор понатаму, имаме доста искуство, доста знаење во нас. Имаме самодоверба со оглед на претходните сезони дека ги изигравме доста добро и целиме нормално на повторно играње во четвртфиналето.

„Имаме тешка група, но се надевам дека во најмала рака ќе го постигнеме успехот од лани. За фајнал - фор, нормално дека мислам дека имаме шанси, тимот е засилен, имаме светски играчи кај нас. Но, не зависи секогаш од тоа. Има многу клубови што вложуваат исто толку колку што и ние, ако не и повеќе. Тоа се 7-8 клуба. Има многу фактори што зависат, треба среќа при жребка... Но, мислам дека Вардар е сериозен тим и имаме шанса да се пласираме во фајнал – фор“, изјави Стоилов.

Слично размислуваат и во Металург, кој во групната фаза покрај со најбогатите ракометни клубови во светот, Пари Сен Жермен (годишен буџет од 14,7 милиони евра) и Кил (9,5 милиони евра), по два пати ќе ги одмери силите и со Загреб, Ла Риоха и Брест Мешков. Според многумина, оваа група е можеби и посилна од онаа на Вардар, но Миркуловски, Мојсовски, Димовски, Атман, Станиќ, Вугринец, Митревски ..., на кои летоска им се приклучија Марсениќ, Липовина, Ѓукиќ, Борозан и Коциќ, предводени од тренерот Лино Червар, со исклучок на Кил, победувале и посилни тимови на хартија. Тоа резултираше со три едноподруго настапи во нокаут фазата од ЛШ (едно осминафинале, а во претходните две сезони и во четвртфиналето), подвиг по кој, според бекот Филип Миркуловски...

„Мислам дека сме зрели веќе да одиме чекор понатаму, имаме доста искуство, доста знаење во нас. Имаме самодоверба со оглед на претходните сезони дека ги изигравме доста добро и целиме нормално на повторно играње во четвртфиналето. Но, сепак, оваа година имаме нешто појака група од претходните, така да прва цел ни е да ја поминеме групата, да играме осминафинале, па за понатаму, доколку се биде во ред и имаме добра жребка, се е можно, можеби и да одиме за Келн оваа година“, рече Миркуловски.

Првиот тест за реалноста на овие желби, Металург ќе го има в недела (28 септември), кога во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе ги одмери силите со Пари Сен Жермен. Вардар, пак, во првото коло, в сабота (27 септември) ќе му гостува на Целје.

XS
SM
MD
LG