Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат воздушните напади врз ИД во Сирија


Цел на воздушните напади на меѓународната коалиција во текот на ноќта била територија под контрола на милитантите на Исламската држава во близина на границата со Турција. Ова денеска го соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Нападите кои биле извршени западно од градот Кобани, познат и под името Ејн ел Араб, според Опсерваторијата која собира информации од мрежа активисти во Сирија, дошле од правец на Турција. Соединитетите држави ја предводат воздушната кампања врз милитантите на Исламската држава во Сирија која почна вчера.

XS
SM
MD
LG