Достапни линкови

Седница на Националниот совет за евроинтеграции


Националниот совет за евроинтеграции денеска ќе ја одржи првата седница во овој состав на Парламентот. На дневен ред се извештаите за реализираните активности од националната програма за усвојување на правото на ЕУ, ревизија 2014 година за периодот од 1 јануари оваа година до 31 март односно првиот квартал и за периодот од 1 април до 30 јуни оваа година. Имајќи предвид дека пратениците од опозицијата не учествуваат во работата на Парламентот се очекува седницата на Националниот совет да ја води нејзиниот заменик-претседател, пратеникот Илија Димовски. На седницата се очекува да присуствува и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.

XS
SM
MD
LG