Достапни линкови

Дебата во ОН за заканите од Исламската држава


Повеќе од 140 шефови на држави и влади треба да учествуваат на денешната дебата во Генералното собрание на ОН во седиштето на светската организација во Њујорк. Се очекува главна тема на разговорите да бидат заканите од Исламската држава, но и ширењето на еболата во западна Африка и руското мешање во кризата во Украина. Американскиот претседател Барак Обама ќе биде меѓу првите говорници што ќе се обратат пред Генералното собрание на ОН. САД и пет арапски земји вчера почнаа воздушни напади против цели на Исламската држава во Сирија, прва таква акција во оваа земја. Обама ја поздрави поддршката од арапските држави и рече дека „Ова не е борба само на Америка“. Дебатата во Генералното собрание на ОН ќе трае до 30 септември.

XS
SM
MD
LG