Достапни линкови

Турција се приклучува во коалицијата против Исламската држава


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција може да им даде воена или логистичка поддршка на воздушните напади предводени од САД врз милитантите од Исламската држава. Ердоган ја даде изјавата пред новинарите во Њујорк, по првите воздушни напади против милитантите во Сирија. На прашањето како Турција ќе придонесе за операцијата, Ердоган изјави дека тоа ги вклучува сите видови на поддршка, вклучувајќи воена и политичка. Претходно, американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Турција ветила дека ќе учествува во коалицијата против милитантите.

XS
SM
MD
LG