Достапни линкови

Оланд бара поддршка и од Иран за кризата во Либан, Сирија и Ирак


Францускиот претседател Франсоа Оланд.

Францускиот претседател Франсоа Оланд.

Францускиот претседател Франсоа Оланд му пренел на иранскиот претседател Хасан Рохани дека „секоја поддршка“ е потребна за да се најде политичко решение за кризата во Либан, Сирија и Ирак. Двајцата претседатели се сретнаа во Њујорк во седиштето на ОН. Тие размениле мислења за начинот на борба против тероризмот и разговарале за билатералната соработка која би можело да отпочне кога ќе биде возобновена довербата со спогодба за нуклеарното прашање. Разговорите меѓу Иран и шесте светски сили се блокирани со месеци поради противењето на Техеран многу да ги намали своите нуклеарни активности.

XS
SM
MD
LG