Достапни линкови

ОН - Да се зголеми употребата на обновливи извори на енергија


На Самит за климатски промени на ОН беше договорено да се зголеми употребата на обновливи извори на енергија и да се соберат милијарди долари за помош за земјите во развој. На вчерашниот еднодневен Самит, чиј домаќин беше генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, беше поставена цел да се запре намалувањето на тропските шуми до 2030 година, да се зголеми производството на храна и да се зголеми уделот на електрични возила во градовите до 30 отсто од новите продадени возила до 2030 година. Овој Самит имаше за цел да помогне во подготовките за Самитот на лидерите од 200 држави во Париз кон крајот на 2015 година на кој треба да се финализира договорот за намалување на емисиите на стакленички гасови. Обраќајќи се на Самитот, американскиот претседател Барак Обама рече дека „глобалниот договор“ треба да вклучува силна посветеност од некои од светските економии во подем, бидејќи емисијата на стакленички гасови се зголемува со растот на тие економии. Кина во 2007 година ги надмина САД како најголем емитер на стакленички гасови во светот.

XS
SM
MD
LG