Достапни линкови

Најмалку 14 загинати во експлозија на автомобил-бомба во Багдад


Најмалку 14 луѓе загинаа, а 30 се повредени во експлозија на автомобил-бомба во ирачкиот главен град Багдад. Полицијата соопшти дека автомобилот бил активиран на фреквентна улица во шиитска населба. Милитантите на Исламската држава ја презедоа одговорноста за неколкуте самоубиствени бомбашки напади во Багдад. Ирачки и курдски сили поддржани од американски и француски воени авиони се борат со борците на Исламската држава кои држат под контрола големи делови од северниот и западниот дел на Ирак во последниве месеци.

XS
SM
MD
LG