Достапни линкови

logo-print

ЕУ и САД ја осудија Кина за затворањето на познат ујгурски активист


Професор Илхам Тохти.

Професор Илхам Тохти.

ЕУ и САД ја осудија Кина поради тоа што познатиот професор Илхам Тохти, кој се залага за правата на ујгурската заедница, беше осуден на доживотен затвор. Тохти вчера беше прогласен виновен за сепаратизам на судењето во Урумки, главен град на западната провинција Сианџинг. ЕУ оцени дека пресудата е „целосно неправедна“ и побара итно и безусловно ослободување на професорот. Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека „се чини оти суровата казна за професор Тохти е одмазда за неговите мирни напори за промовирање на човековите права за ујгурските граѓани во Кина“. Аналитичарите сметаат дека строгата казна укажува на зголемување на нетолеранцијата на властите кон различните ставови кои би можеле да поттикнат етнички тензии. Поранешниот универзитетски професор „сигурно ќе ја обжали“ казната, изјави неговиот адвокат.

XS
SM
MD
LG