Достапни линкови

Висок кинески функционер на суд поради примање мито


Илустрација.

Илустрација.

Кинеските државни медиуми објавија дека поранешен висок функционер за планирање на економијата денеска бил изведен пред суд во провинцијата Хебеј под обвинение за примање мито. Функционерот Лиу Тиенан имаше заменик министерско место во кинеската Комисија за национален развој и реформи, која е задолжена за водење на втората по големина економија во светот. Кинескиот претседател Си Џинпинг вети дека државата ќе гони и ниско, но и високо рангирани функционери во кампањата за прочистувањто на владејачката Комунистичка партија од корупција и други неправилности, што го поткопуваат нејзиниот легитимитет во очите на јавноста.

XS
SM
MD
LG