Достапни линкови

logo-print

Убиениот австралиски тинејџер бил осомничен за тероризам


Уапсен во големата антитерористичка операција во Австралија.

Уапсен во големата антитерористичка операција во Австралија.

Тинејџерот кој беше убиен од антитерористичката полиција во Австралија откако избоде двајца полицајци во Мелбурн бил осомничен за тероризам, соопштуваат властите. Полицијата вели дека неименуваниот 18-годишник бил под истрага за наводно веење на знамето на Исламската држава и закани кон премиерот Тони Абот. Двајцата повредени полицајци се во стабилна состојба, а едниот беше подложен на операција поради повреди на главата, вратот и стомакот. Пред една недела Австралија ја почна најголемата противтерористичка операција против луѓе осомничени за врски со исламистичките милитанти на Блискиот Исток.

XS
SM
MD
LG