Достапни линкови

logo-print

Поранешен амбасадор на Ватикан во куќен притвор


Илустрација: Преполниот плоштад Свети Петар во Ватикан.

Илустрација: Преполниот плоштад Свети Петар во Ватикан.

Ватикан соопшти дека го ставил нивниот поранешен амбасадор во Доминиканската Република во куќен притвор, по наводите дека сексуално злоупотребувал млади момчиња во оваа карипска земја. Амбасадорот Јозеф Весоловски веќе беше расчинет откако Ватиканскиот суд за канонско право во јуни го прогласи за виновен. Ватиканскиот кривичен суд почна прелиминарно сослушување за случајот и го стави Весоловски во куќен притвор. Според наводите од Ватикан, тој доставил медицинска документација според која не може да издржи построг тип на притвор. Ватикан има неколку мали простории за притвор во своите полициски бараки. Весоловски се соочува со затворска казна ако биде прогласен за виновен.

XS
SM
MD
LG