Достапни линкови

ФИФА планира да дозволи триминутна пауза


Медицинската комисија на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) планира да воведи три минутна пауза во текот на натпреварот, во случај некој од играчите да претрпе повреда на главата или да има потрес на мозокот.

Со оваа пауза комисијата смета дека на лекарите и медицинските тимови присутни на натпреварите ќе им се даде доволно простор и време да му пружат прва помош на повредениот фудбалер.

Извршниот комитет на ФИФА ќе го разгледа овој предлог во текот на дводневната работна средба која ќе започне во четврток.

Инаку, Европската фудбалска федерација (УЕФА) веќе го воведе ова правило минатата седмица, а истото ќе се применува веќе од следната седмица, кога на програмата се натпреварите од 2. коло во Лигата на шампиони и Лига Европа.

XS
SM
MD
LG