Достапни линкови

Над 3000 жртви во конфликтот во Украина


Висок официјален претставник на ОН изјави дека бројот на жртвите во конфликтот во Украина надминува 3000 луѓе.

Помошник-генералниот секретар за човекови права Иван Симоновиќ денеска пред Советот за човекови права на ОН рече дека до 21 септември се регистрирани 3543 жртви.

Симоновиќ рече дека вистинската бројка веројатно е „значително повисока.“

Не сметајќи ги 298 жртви на малезиската авионска несреќа во јули, официјалната бројка на жртви е 3245.

XS
SM
MD
LG