Достапни линкови

logo-print

Грција не сака нова меѓународна програма


Грчкиот премиер Андонис Самарас изјави дека неговата земја не бара нова меѓународна финансиска програма за спас и најави дека претстои нов план за економски реформи.

„Грција сега може да стои исправена на сопствените нозе и сметаме дека немаме потреба од нов спасувачки план“, изјави денеска Самарас по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел.

Самарас додаде дека земјата наскоро ќе претстави „своја сопствена рамка за продолжување на реформите во наредните години надвор од програмата за спас“.

Германија има најголем придонес во спасувачките кредити за Грција.

XS
SM
MD
LG