Достапни линкови

Силниот ветер во Гевгелија предизвика материјални штети


Илустрација.

Илустрација.

Ветер со јачина од 80 километри на час денеска попладне во Гевгелија уриваше кровови и кршеше дрвја и гранки.

Силниот ветер попладнево предизвикаа сериозни оштетувања на дел од новопоставениот покрив на гевгелиската гимназија, како и на покривите на уште неколку објекти и индивидуални куќи.

На многу места во градот од искршените дрвја и гранки беше попречено и нормалното одвивање на сообраќајот кое полека се нормализира откако комуналните работници почнаа да ги острануваат од коловозите.

Според информацијата од Хидрометеоролошката станица во Гевгелија, ветерот, кој непрекинато дуваше во текот на целиот ден, околу 14 часот ја достигна најголемата брзина од 22 метри во секунда односно 80 километри на час.

XS
SM
MD
LG