Достапни линкови

Обама - продолжуваме со нападите врз ИД


Американскиот претседател Барак Обама вети дека ќе продолжи со борбата против милитантите на Исламската држава по денешните први воздушни напади предводени од САД врз екстремистичката група во Сирија.

Обама зборуваше во Белата куќа на 23 септември пред да замине на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Тој рече дека САД се горди што стојат заедно рамо до рамо со Бахреин, Катар, Саудиска Арабија, Јордан и Обединетите Арапски Емирати во спроведувањето на воздушните напади.

Американскиот претседател, исто така, изјави дека учеството на петте арапски држави во воздушната кампања му става јасно до знаење на светот дека САД не се сами во борбата против милитантите.

Тој предупреди дека ќе треба време во заедничката борба против милитантите на ИД и додаде дека Вашингтон ќе го направи она што е потребно за да се порази групата.

XS
SM
MD
LG