Достапни линкови

logo-print

Карзаи повторно ги нападна САД и Пакистан во прошталниот говор


Претседателот на Авганистан во заминување, Хамид Карзаи, во неговиот проштален говор го обвини САД и Пакистан за продолжување на борбата против талибанците. Во денешниот проштален говор во претседателската палата во Кабул, на кој присуствуваа државни службеници, Карзаи рече дека „мирот во Авганистан зависи од САД и од Пакистан“ и додаде дека „ако тие сакаат, мирот ќе се врати во Авганистан“. Карзаи дојде на власт со поддршка од САД во 2001 година по соборувањето на талибанскиот режим. Тој често ја критикуваше американската воена кампања против исламистичките бунтовници, како и Пакистан поради овозможувањето прибежиште на милитантите. Наследникот на Карзаи, Ашраф Гани, треба да положи свечена заклетва на 29 септември.

XS
SM
MD
LG