Достапни линкови

logo-print

Бан Ки-мун побара „нов курс“ кон климатските промени


Светските лидери одржуваат Самит за климатските промени во ОН. Генералниот секретар на светската организација Бан Ки-мун ги повика лидерите на околу 120 земји да постават „нов курс“ кон климатските промени на денешното отворање на еднодневниот Самит. Целта на собирот е да се поттикнат земјите членки на ОН да потпишат нов сеопфатен договор за климатските промени на разговорите во Париз наредната година и да постигнат договори со бизнис лидерите за намалување на јаглеродните емисии. Семејството Рокфелер, кое го направи своето огромно богатство во нафтениот бизнис, најави дека неговата хуманитарна организација која располага со околу 860 милиони долари ќе ги напушти фосилните горива. Пред два дена се одржаа глобални демонстрации со кои се бара похрабра акција за справување со глобалното затоплување.

XS
SM
MD
LG