Достапни линкови

Турција ја укина забраната за носење шамии во гимназиите


Chechnya -- Headscarf-wearing female students attend classes at the Grozny State Oil Institute in Grozny, 21Mar2011

Chechnya -- Headscarf-wearing female students attend classes at the Grozny State Oil Institute in Grozny, 21Mar2011

Владата на Турција донесе одлука за укинување на забраната за носење на муслимански шамии во гимназиите и средните училишта во земјата, соопшти денеска турскиот вицепремиер и владин портпарол, Булент Аранч.

Аринч рече дека ученичкит еќ еможат да носат шамии почнувајќи од петто одделение.

Премиер Ахмет Давутоглу ги поздрави измените и иг оцени как обид за „демократизација“.

Сепак, Камуран Караса, шеф на образованата унија, рече дека „турското општество се враќа назад кон средниот век преку користење на религијата“.

Владата на исламистичката Партија на правдата и развојот (АКП) ја укина забраната за носење на муслимански шамии на турските универзитети во 2011 година, а лани беше укината и таквата забрана за во државните институци и Парламентот.

Турските медиуми јавија дека одлуката за укинување на забраната за носење на шамии во средните училишта предизвикала незадоволство меѓу секуларните опозициски партии и синдикатите.

XS
SM
MD
LG