Достапни линкови

logo-print

„Купи куќа, купи стан“ и во 2015


Владиниот проект „Купи куќа, купи стан“, продолжува и следната година, изјави вицепремиерот Зоран Ставрески. Според Ставрески, Буџетот има доволно средства за реализација на проектот.

Од Министерството за финансии информираат дека досега 331 семејство го решиле станбеното прашање со овој проект, а заинтересираност има во сите градови низ Македонија. Засега, граѓаните повеќе се решаваат за купување стан. Од 331 семејство, околу 270-280 се одлучиле за стан, но по намалувањето на каматната стапка интересот за куќа се зголемува.

Проектот беше промовиран во јануари 2012 година.

XS
SM
MD
LG