Достапни линкови

ЕУ со нов систем за Западен Балкан за визи за подолг престој


За два дена во земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, како и Турција ќе почне да се применува VIS системот на ЕУ за информации поврзани со издавање на визи за подолг престој во Унијата. Системот предвидува при апликација, граѓаните на овие земји да оставаат биометриски податоци, како дигитална фотографија и отпечатоци од прстите на рацете. Виза апликантите ќе треба да ги обновуваат податоците еднаш на пет години. Лицата кои во моментов имаат виза за подолг престој во земјите во ЕУ биометриски податоци ќе треба да остават во моментот кога ќе ја обновуваат визата.

Од Канеларијата на Европската комисија во Скопје појаснуваат дека овие промени не се поврзани и не го допираат системот за визна либерализација, туку се однесуваат само на апликациите за виза за подолг престој во земјите на ЕУ. Како и досега граѓаните на земјите од Балканот, како Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ и Албанија, кои се со либерализиран визен режим, и за кратки престои и патувања во земјите на Унијата не им е потребна виза, и натаму ќе можат слободно да патуваат без да аплицираат за виза.

XS
SM
MD
LG