Достапни линкови

Украинските бунтовници делумно се повлекуваат


Проруските бунтовници велат дека двете страни во конфликтот во источна Украина повлекле дел од артилеријата од борбената линија во согласност со договорот потпишан на 20 септември. Според договорот треба да се повлече тешката артилерија и да се создаде тампон зона од 30 километри.

Повлекувања може да допринесе за прекин на огнот, кој често се прекинува, но се гледа и како клучен чекор кон завршување на конфликтот. Во конфликтот досега загинаа повеќе од 3.000 луѓе од април, а сериозно се затегнаа и односите меѓу Русија и Западот.

Премиерот на самопрогласената Народна Република Донецк, Александар Захарченко рече дека тие ја повлекле артилеријата само од оние области каде украинските редовни единици го сториле истото.

Сепаратисти во Луганск исто така јавија за делумно повлекување на украинските владини сили.

XS
SM
MD
LG