Достапни линкови

Оџалан ги повика сите Курди да се мобилизираат против ИД


Лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан повика на масовна мобилизација на сите Курди против групата Исламска држава (ИД).

Во порака, испратена преку неговиот адвокат, тој „го повикува целиот курдски народ да започне сеопфатен отпор во оваа многу интензивна војна“.

„Не само луѓето во Рожава (Сириски Курдистан), туку и оние во северниот дел на Турција и други делови на Курдистан, треба да дејствуваат против нив“, изјави адвокатот Мазљум Динч.

Повикот е упатен само неколку часа пред САД и петте арапски држави да ги започнат воздушните напади против исламистичките борци во Сирија.

Оџалан отслужува доживотна казна затвор на островот Имрали. Тој ја предводи ПКК, која десетици години се бори во Турција за автономија. ПКК е поврзана со курдската партија во Сирија, чие вооружено крило се бори против ИД.

XS
SM
MD
LG