Достапни линкови

logo-print

Се превртел автобус на ЈСП-Скопје


Утрово се превртел автобуст на ЈСП - Скопје број 67 кој сообраќал на линија Зелениково - Скопје. Неколку патници се повредени и веднаш пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“. Од дежурната служба на Градската општа болница за МИА само потврдиле дека во тек е прегледот на повредените патници, но не прецизираат за колкав број се работи и за тоа дали патниците се потешко или полесно повредени. Од ЈСП - Скопје се уште нема никакви информации.

XS
SM
MD
LG