Достапни линкови

ИСИС во Сирија- цел на воздушни напади на меѓународната коалиција


Пентагон соопшти дека Соединетите Држави и силите на партнерските нации почнале со воздушни напади против осомничени цели на милитантната група Исламска држава во Сирија. Пентагон соопшти дека операциите се во тек, и вклучуваат мешавина на борбени авиони, бомбардери и проектили. Портпаролот на Пентагон изјави дека одлуката да се нападне во Сирија е направена вчера од страна на американската војска. Ракетните напади се дел од проширирената воена кампања на претседателот Барак Обама која беше најавена од пред речиси две недели со цел да се уништат милитантите на Исламската држава. Милитанти на ова организација заробија голем дел од територијата која се протега од Сирија па се до северниот и западниот дел на Ирак. Тие, исто така заклаа илјадници луѓе и обезглавија државјани од западните земји, вклучувајќи и две американски новинарки и еден работник британската помош. Дамаск соопшти дека САД претходно ги информирал за планираните воздушни напади во Сирија.

XS
SM
MD
LG