Достапни линкови

Денеска cамит на ОН за климатските промени


Денеска започнува Самитот на ОН за климатски промени. Лидерите на околу 120 земји - вклучувајќи го и американскиот претседател Барак Обама ќе присуствуваат на еднодневниот состанок посветен на начините за ограничување на емисиите на стакленички гасови. Во прилог на обезбедување на спроведување на обврските од земјите, самитот на ОН има за цел да состави договори co бизнис лидерите за тоа како тие ќе гi намалат емисиите на јаглерод диоксид во нивните компании.

Во пресрет на самитот, Светската банка, владите и околу 1.000 компании ќе ги здружат силите за да им помогнат на политиките поставување на цена на емисиите на јаглерод за да се поттикне промена кон употреба на технологија за почиста енергија. Од друга страна Рокфелер, кој го стекна огромното богатство од нафта, најави добротворна организација, со средства во вредност од околу 860 милиони долари, со цел лишување од фосилни горива. До самитот доаѓа два дена по глобалните демонстрации, со кои се бараат похрабри акции за справување со глобалното затоплување.

XS
SM
MD
LG