Достапни линкови

Абас бара меѓународна резолуција за крај на израелската окупација


Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека ќе побара меѓународна резолуција со која ќе се постави временска рамка за завршување на израелската окупација на палестинските територии, кога ќе зборува пред Генералното собрание на ОН оваа недела. Ако ОН го отфрлат неговото барање, Абас изјави дека ќе бара членство во меѓународните институции и агенции. Неговите помошници изјавија дека тоа го вклучува и Меѓународниот кривичен суд. Приклучувањето во судот потенцијално би можело да ја отвори вратата за обвиненија за воени злосторства против Израел, подеднакво за воените дејствија во Газа и за тековната изградбата на еврејските населби на окупираната територија. Абас треба да зборува пред Генералното собрание на 26 септември, а подоцна во текот на денот ќе оствари средба со американскиот државен секретар Џон Кери.

XS
SM
MD
LG