Достапни линкови

Усвоен документ за јакнење на правата на домородните народи


Генералното собрание на Обединетите нации одобри документ за зајакнување на правата на домородните народи во светот. Финалниот документ од самитот беше усвоен со консензус на почетокот на Првата светска конференција за домородните народи. На собирот присуствуваа повеќе од 1000 делегати од домородните заедници, заедно со шефовите на држави и официјални претставници на ОН. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека домородните луѓе се "центар на нашиот дискурс за човекови права и глобалниот развој" и имаат важна улога во заложбите за одржливо користење на природните ресурси. Бан рече дека домородните луѓе ја имаат целосната поддршка на ОН. Тој ги поздрави делегатите со честитки на домородните јазици од Латинска Америка, Јужна Африка, Нов Зеланд, Малезија, Северна Америка, Норвешка и Шведска.

XS
SM
MD
LG