Достапни линкови

logo-print

Кери се сретна со Идрисов


Американскиот државен секретар Џон Кери одржа разговори со казахстанскиот министер за надворешни работи Ерлан Идрисов во Вашингтон. Кери ја потврди важноста на стратешкото партнерство меѓу САД и Казахстан. Според американски претставници, Кери и Идрисов разговарале околу начините двете земји подобро да работат на решавање на регионалните и глобалните проблеми. Кери исто така ја покренал важноста на меѓународната коалиција за уништување и пораз на милитантите на Исламската држава, а со Идрисов разговарал и за начините да се подобри и прошири соработката во борбата против тероризмот. Идрисов го истакнал водството на Казахстан во остварувањето на новата визија за регионална економска соработка. Тој додал дека напорите на Казахстан да се изгради поврзаност на трговијата и енергијата во Централна и Јужна Азија покажува како регионот може да има корист од тоа земјите да бидат поврзани меѓусебно.

XS
SM
MD
LG