Достапни линкови

logo-print

Слаб квалитет и ниска откупна цена за пиперките


Земјоделците од Кривогаштани се крајно незадоволни од откупните цени за пиперот. Дополнително, поради влажното време и квалитетот на родот е сериозно намален.

Откупот на пиперките во прилепско почна. Земјоделците се крајно незадоволни од откупните цени за кои велат дека се многу ниски. На 20 пункта, седум откупни фирми, само во Општина Кривогаштани секој ден преземаат по стотина тони пиперки, кои ги проценуваат во две класи. Првата за 22 до 23 денари, што опфаќа едвај 20 отсто од реколтата и е главно наменета за извоз, а втората класа се проценува на 10 денари помалку, и е наменета за домашниот пазар.

Квалитетот е многу слаб, ако ја береш денеска на пример, луѓето што ја носат, поради временските услови, многу дожд, вода. Нема многу големо задоволство од цената, значи е ниска, првата класа пред недела беше 25 денари, а сега ја симнаа на 22 денари, доаѓа озгора, значи скапува таму, се расипува, додека да ја однесе таму ќе има расипано, поради тоа цената паѓа.

„Квалитетот е многу слаб, ако ја береш денеска на пример, луѓето што ја носат, поради временските услови, многу дожд, вода. Нема многу големо задоволство од цената, значи е ниска, првата класа пред недела беше 25 денари, а сега ја симнаа на 22 денари, доаѓа озгора, значи скапува таму, се расипува, додека да ја однесе таму ќе има расипано, поради тоа цената паѓа“, вели Благојче Бозоски од Кривогаштани.

Лошите временски услови, пречестите дождови оставија голем дел од родот по нивите. Пиперките паѓаат од коренот, скапуваат на земјата, а ако се берат денеска, веќе следниот ден, голем дел од производството ќе заврши во отпад, бидејќи поради влажноста брзо се расипуваат. Но, производителите трпат големи штети и од глодарите.

Има штета од глушец и штета од доста вода, меѓутоа цената сепак мислам дека е ниска, поготово за првата класа, 22, 23 денари се изработува бришена, да речам толку да речам изработување, меѓутоа таа цена е ниска.

„Има штета од глушец и штета од доста вода, меѓутоа цената сепак мислам дека е ниска, поготово за првата класа, 22, 23 денари се изработува бришена, да речам толку да речам изработување, меѓутоа таа цена е ниска. Мора да ја продаваме бидејќи овој производ нема рок на траење, туку е за една употреба, се пакува и се продава и нормално натаму се пече за ајвар“, вели Пецо Ѓоргоски од Крушеани.

Наездата на глодари и влажната почва го преполовија производството. Производителите велат дека прават безуспешни анализи, во кои се евидентираат само штети.

„Послаб е квалитетот на родот, го нема во доволна количини, дали од временските услови дали, тоа веќе друго е од глодарите, но временските услови не се баш најпогодни за оваа ситуација, а од глодарите веќе изгубивме, 50 со 50, сите вакви пиперки се фрлаат“,вели Зоран Јовески од Кривогаштани.

Производителите бараат државата да им исплати отштета, за да ги надополнат барем дел од основните трошоци, бидејќи велат вака не можат да обезбедат средства за есенската сеидба. Тие инсистираат Министерството за земјоделство да им исплати и субвенции за пиперките порано во однос на минатите години. А, во кривогаштанско дел производителите се жалат дека веќе две години не добиле премија за пиперките.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG