Достапни линкови

Добра соработка на АРМ со Националната гарда на Вермонт


Генерал Стивен Креј од Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт се сретна со началникот на генерал-штработ на АРМ Горанчо Котевски во Скопје.
Генерал Стивен Креј од Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт се сретна со началникот на генерал-штработ на АРМ Горанчо Котевски во Скопје.

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески денеска во Скопје се сретна со командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј.

Соработката на Армијата на Македонија со националната гарда на сојузната држава Вермонт од САД е одлична. Ова го изјави началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, по средбата со командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј. Според Котески, потврда за соработката е заедничкото учество во меѓународните мировни операции и заедничките обуки и иницијативи. Тој нагласи дека со Креј разговарал и за заедничка конференција и вежба на земјите од регионот кои имаат партнерство со националните држави од САД и формирање единица за справување со кризни ситуации.

Убеден сум дека оваа соработка на АРМ со НГ на Вермонт е еден успешен пример за соработка и на останатите институции во Република Македонија со институциите од Вермонт и САД.
генерал-потполковник Горанчо Котески, началник на Генералштабот на АРМ.

„Убеден сум дека оваа соработка на АРМ со НГ на Вермонт е еден успешен пример за соработка и на останатите институции во Република Македонија со институциите од Вермонт и САД“, изјави Котески.

Креј се заблагодари на пријателството со АРМ, кој според него значи и партнерство. Тој порача дека Македонија и Вермонт имаат историја која трае 22 години и распоредувања во Авганистан, како и воспоставување трајно пријателство помеѓу овие две земји. Тоа, како што изјави Креј, го прави ова партнерство навистина силно.

„Македонските војници треба да бидат навистина горди со нивните достигнувања и за сето она што го постигнаа во изминатите години, на истиот начин на кој ние сме горди од постигнатото партнерство. Вредностите за кои јас се залагам во НГ на Вермонт се интегритет, служба и извонредност. Нашите војници и војниците на Македонија ги споделуваат тие вредности и навистина е лесно да се работи со луѓе кои го имаат истиот поттик и имаат желба да станат најдобрата сила“, изјави Креј.

Делегацијата предводена од генерал-мајор Креј беше примена и од министерот за одбрана Зоран Јолевски. Делегацијата е во план да го посети и Воено-медицинскиот центар, воздухопловната бригада на АРМ и Школата за обука на пилоти.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG