Достапни линкови

Франција не се плаши од заканите од милитантите од ИД


Француски плот.

Француски плот.

Франција соопшти дека не се плашат од повиците на милитантите од Исламската држава до муслиманите да убиваат цивили чии влади дејствуваат против џихадистите.

Министерот за внатрешни работи на Франција соопшти дека „Франција е подготвена да одговори“ на закани од милитантите од Исламската држава (ИД) и дека безбедносните сили се „целосно мобилизирани“.

Портпаролот на Исламската држава објави порака на интернет до своите поддржувачи да убиваат Американци и Европејци, особено Французи.

Франција на 19 септември се приклучи на САД во извршувањето на воздушни напади против милитантната група.


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека повеќе од 50 земји влегоа во меѓународната коалиција за борба против ИД, вклучувајќи го и Египет и другите арапски држави.

XS
SM
MD
LG