Достапни линкови

Русија се противи на поделбата на Касписко Море на пет дела


Русија се противи на поделбата на Касписко Море на пет дела, во пресрет на Самитот на земјите кои го делат крајбрежјето.

Русија, Иран, Азербејџан, Казахстан и Туркменистан се расправаат за Каспиското Море богато со ресурси уште од времето на распадот на Советскиот сојуз во 1991, по што крајбрежјето неместо меѓу две држави се дели на пет. Лидерите на овие земји ќе се сретнат во Русија, на самит закажан за 29 септември.

Од рускотото министерство за надворешни работи денеска соопштија дека руските власти ги поддржуваат условите од советско-иранскиот договор според кој Каспиското се смета за езерото и е поделено меѓу двете држави. Русија, Казахстан и Азербејџан сега имаат билатерални договори за Каспиското Море. Иран сака еден мултилатерален договор за поделба на крајбрежјето.

XS
SM
MD
LG