Достапни линкови

logo-print

Националната гарда на Вермонт и АРМ одлично соработуваат


Архивска фотографија - Испраќање на војници на АРМ на воена вежба во ЕУ.

Архивска фотографија - Испраќање на војници на АРМ на воена вежба во ЕУ.

Националната гарда на Вермонт и АРМ одлично соработуваат, изјави началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески по денешната средба со командантот на националната гарда Вермонт од САД Стивен Креј. Креј од денеска претстојува во тридневна официјална посета на АРМ. Котески информираше дека на средбата е разговарано за понатамошни заеднички вежби и за размени на искуства во меѓународни мировни операции.

На средбата се разговарало и за нова иницијатива за заедничка конференција и вежба на земјите од регионот кои имаат партнерство со националните држави од САД, да се формира единица која ќе биде подготвена да се справува со одредени кризни ситуации, како поплави, земјотреси во регионот.

Американскиот генерал рече дека Македонија и Вермонт имаат една полна историја која трае 22 години, во која има околу стотина ангажмани и распоредувања во Авганистан, како и воспоставување трајно пријателство помеѓу овие две земји. Тоа, оцени генерал-мајор Стивен Креј, го прави ова партнерство навистина силно.

Генералот Креј претходно се сретна и со министерот за одбрана Зоран Јолевски, а планирано е да ги посети Воено-мецинскиот центар, Школата за обука на пилоти и воздухопловната бригада на АРМ.

XS
SM
MD
LG