Достапни линкови

logo-print

Венизелос негира дека во Грција се обучуваат џихадисти


Ирак - Борци против милитантите од ИД.

Ирак - Борци против милитантите од ИД.

Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос демантира дека Атина била предупредена од американските власти дека во Грција се врши обука на екстремисти или дека од земјата заминуваат џихадистички борци во странство, пишува весникот „Катимерини“.

„Не сме добиле такво предупредување“, вели истакна Венизелос, одговарајќи на прашањето во врска со тврдењата дека ЦИА и соопштила на Атина за седум лица со грчко потекло, кои се бореле во странство како џихадисти.

Шефот на грчката дипломатија, по вчерашната средба со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, нагласи дека „Грција учествува во меѓународната мобилизација против Исламска држава .

Грчката полиција во петокот, исто така, ги отфрли тврдењата дека во земјата се обучуваат џихадисти.

XS
SM
MD
LG