Достапни линкови

Русија размислува за соработка против милитантите од ИД


Владимир Путин на состанок на Совет за безбедност.

Владимир Путин на состанок на Совет за безбедност.

Русија размислува како може да соработува со другите земји во борбата против милитантите од Исламската држава.

Од Кремљ соопштуваат дека претседателот Владимир Путин разговарал за ова прашање со високи претставници на денешниот состанокот на Советот за безбедност. Портпаролот на Путин, Дмитри Песков рече дека тие размениле мислења за можните форми на соработка со партнерите на планот за борба против милитантите од Исламската држава, но во рамки на меѓународното право.

САД се обидува да изгради меѓународната коалиција за борба против милитантната организација. Американскиот претседател Барак Обама на 10 септември рече дека САД се подготвени да ги нападнат милитантите од Исламската држава во Сирија. Но Русија вели дека воздушни напади на територијата на Сирија без резолуција на Советот за безбедност на ОН ќе го прекрши меѓународното право.

XS
SM
MD
LG