Достапни линкови

Украинските сили се подготвуваат за тампон зона


Украинските владини сили се подготвуваат за повлекување на артилеријата и тешките оклопни возила од предложената тампон зона, соопштија тамошните власти.

Украинскиот воен портпарол Андриј Лушенко денеска изјави дека ја донеле одлуката откако било утврдено дека има намалување на огнот во последните часови.

Претставници на Украина, Русија и про-руските сепаратисти на 19 септември се согласија да се повлече артилеријата и другата тешка опрема за 15 километри од двете страни од борбената линија и да се создаде тампон зона. Вчера украинските воени власти рекоа дека нема да создадат тампон зона обвинувајќи ги бунтовниците и руските сили дека продолжуваат да пукаат кон владините сили. Москва негира дека испраќа сили во Украина.

XS
SM
MD
LG