Достапни линкови

МНР загрижено за изјавата на новиот американски амбасадор Бејли


Досегашниот амбасадор на САД во Македонија Пол Волерс и министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Досегашниот амбасадор на САД во Македонија Пол Волерс и министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Македонското Министерство за надворешни работи протестира поради изјавата на новиот американски амбасадор Џес Бејли. Во МНР денеска бил повикан заменик амбасадорот на САД во Македонија Бартон Путни, при што му била изразена загриженост поради несоодветното ословување на припадниците на македонското мнозинско население како „Словени“ од страна на новоименуваниот американски Бејли, во Комитетот за надворешни односи на Сенатот при неговото сослушување оддржано на 17 септември годинава.

„Ваквото ословување го доведува во прашање идентитетот и ги повредува чувствата на македонскиот народ. Едновремено, несоодветното ословување на македонскиот народ би можело да има негативни импликации на надворешен и внатрешно-политички план“, соопшти македонското МНР.

XS
SM
MD
LG