Достапни линкови

Повик до курдите во Турција за борба против ИД


Работничката партија на Курдистан ги повика денеска курдите во Турција да се вклучат во борбата против милитантите на Исламската држава во Сирија. Оваа партија и порано ги повикуваше турските курди да се вклучат во борбата против џихадистите, но овој се говори за мобилизација. Во текот на изминатиот викенд околу 300 курди од Турција стигнале во Сирија за да помогнат во одбраната на градот Ајн ел Араб. Турскиот заменик премиер Нуман Куртлмуш денеска во Анкара изјави дека во изминативе два дена околу над 130 илјади курди од Сирија пребегале во Турција пред милитантите на Исламската држава. Според него, турската влада се подготвувала на натамошно пристигнување на бегалците.

XS
SM
MD
LG