Достапни линкови

Во Турција пребегале 130 илјади курди


Турскиот заменик премиер Нуман Куртлмуш денеска во Анкара изјави дека во изминативе два дена околу над 130 илјади курди од Сирија пребегале во Турција пред милитантите на Исламската држава. Според него, турската влада се подготвувала на натамошно пристигнување на бегалците. Турција во саботата ја отвори границата за илјадници курди. Од почетокот на војната во Сирија во 2011 година досега Турција примила околу милион ипол бегалци.

XS
SM
MD
LG