Достапни линкови

Украинскиот конфликт нема воено решение


Украинскиот претседател Петро Поршенко изјави дека земјата мора да биде подготвена да се брани доколку пропадне мировниот процес со проруските бунтовници. Сепак, според него, конфликтот во источна Украина не може да биде решен со војна.

Претседателот Петро Порошенко призна дека Украина загубила 65 отсто од воената опрема за време на борбите во регионите Доњецк и Луганск.

Нашето прво барање е за повлекувањето на силите. Ние ќе кажеме кога последниот војник ќе биде заминат. Набљудувањето на процесот ќе го вршиме ние. Нашето второ барање е затворање на границите, а третото е ослободување на затворениците, вклучувајќи ги и оние што се во Русија.
Петро Порошенко, претседател на Украина.

Киев и проруските сепаратисти се согласија на прекин на огнот на 5 септември. И покрај бројните нарушувања на примирјето, двете страни деновиве се договорија на повлекување на артилерското и друг вид тешко оружје надвор од границите на предложената тампон зоната од 30 километри.

Претходно, украинскиот парламент го одобри планот на Порошенко со кој на бунтовниците им се гаранитира ограничена самоуправа во Доњецк и Луганск.

Порошенко на средбата со новинарите ги наброја и украинските барања:

Нагласувам дека е невозможно да се победи во градовите Луганск и Доњецк само со употреба на воени средства. Колку повеќе украински баталјони испраќаме таму, толку повеќе има војници од Руската Федерација.
Петро Порошенко, претседател на Украина.

„Нашето прво барање е за повлекувањето на силите. Ние ќе кажеме кога последниот војник ќе биде заминат. Набљудувањето на процесот ќе го вршиме ние. Нашето второ барање е затворање на границите, а третото е ослободување на затворениците, вклучувајќи ги и оние што се во Русија“, рече тој.

Подоцна Порошенко соопшти дека во изменативе денови биле ослободени скоро 70 украински војници.

Како и да е, украинската војска вчера соопшти дека поради постојаните напади од страна на сепаратистите и руските сили нема да почне со планираното формирање на зоната на раздвојување.

Од друга страна, Москва постојано демантира дека има сили во Украина.

Според Порошенко, залудно било да се испраќаат повеќе украински сили во источна Украина.

„Нагласувам дека е невозможно да се победи во градовите Луганск и Доњецк само со употреба на воени средства. Колку повеќе украински баталјони испраќаме таму, толку повеќе има војници од Руската Федерација“, рече Порошенко.

Тој беше критикуван од украинските прозападни политичари, бидејќи со планот им дава на сепаратистите во регионите на Доњецк и Луганск ограничено самоуправување во рок од три години, плус амнестија за некои бунтовници.

„Уште еднаш велам дека ќе има специјален режим на самоуправа во период од три години. Потоа таа автоматски ќе биде укината. Тоа е рамковен закон кој ќе нема директен ефект, освен врз спроведувањето избори. Избори може да има само кога луѓето со оружје ќе заминат од улиците“, рече украинскиот претседател.

Порошенко, кој во текот на минатата недела се обрати во американскиот Конгрес, и се сретна со претседателот Барак Обама се врати без да биде прифатено неговото барање за испорака на американско оружје, туку со финансика помош од 53 милиони долари.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG