Достапни линкови

Претседателот Иванов на ГС на ОН


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов вчера со средба со македонската дијаспора во Њу Џерси го започна своето учество на годинешното Генерално собрание на Обединетите нации. Предвидено е тој в петок да говори пред Генералното Собрание на Обединетите нации, а ќе се сретне и со генералниот секретар Бан Ки Мун. Иванов ќе учествува и на Клинтоновата иницијатива, како и на традиционалната вечера што претседателот Барак Обама ја приредува за учесниците на Генералното Собрание. Македонската делегација ќе оствари и голем број билатерални и мултилатерални средби, а ќе учествува и на средби организирани од американската администрација за горливите светски прашања.

XS
SM
MD
LG