Достапни линкови

Папата Франциско: Албанија не е муслиманска, туку европска земја


Папата Франциско изјави дека Албанија е европска, а не муслиманска земја и оти со одлуката првата негова официјална посета на една европска држава да биде во Албанија сакал да и испрати порака на Европа. Римокатоличкиот поглавар ова го изјави на крајот од еднодневниот престој на Албанија каде што во Тирана го пречекаа над 250 илјади луѓе. Папата одржа миса со бискупите од регионот, а го посети и социјалниот центар Бетани каде што се сместени деца без родители и хендикепирани лица.

XS
SM
MD
LG