Достапни линкови

Воена делегација од Вермонт во посета на АРМ


началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески

началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески

Воена делегација на националната гарда на американската држава Вермонт, предводена од командантот, генерал-мајор Стивен Креј, од денеска претстојува во тридневна официјална посета на АРМ. За време на посетата, генералот Креј ќе оствари средба со министерот за одбрана Зоран Јолевски и неговиот домаќин началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески. Покрај унапредувањето на натамошната соработка, целта на посетата на АРМ е и размена на искуства од научените лекции во мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ОН, како и и учеството на АРМ во новата мисија на НАТО во Авганистан „Одлучна поддршка“.

XS
SM
MD
LG