Достапни линкови

logo-print

Порошенко: Украина мора да е подготвена да се одбрани


Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека Украина мора да е подготвена да се одбрани, ако пропадне мировниот процес со про-руските бунтовници. Сепак, тој рече дека конфликтот во источна Украина нема да биде решен со воени средства. Говорејќи за украинските медиуми, Порошенко исто така нагласи дека Украина изгубила 65 насто од својата воена опрема на фронтот за време на борбите во регионите Донецк и Луханск.

Киев и про-руските бунтовници се согласија на прекин на огнот на 5 септември, а и покрај многуте прекршувања, завојуваните страни во петокот се договорија да ја повлечат артилеријата и другото тешко оружје надвор од тампон зона од 30 километри. Сепак, украинската армија вчера соопшти дека нема да продолжи да ја воспоставува тампон зоната по обвинувањата дека бунтовниците и руските трупи продолжуваат да ги напаѓаат владините сили. Москва негира дека испраќа сили во Украина.

XS
SM
MD
LG