Достапни линкови

Американско-ирански разговори за заканата од „Исламска држава“


Американскиот Државен секретар Џон Кери и иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф вчера во Њујорк разговараа за заканата од милитантите на Исламската држава. Американски официјален претставник соопшти дека тие разговарале и за изгледите за постигнување договор за редуцирање на атомските активности на Техеран во замена за прекин на санкциите спрема Иран. Состанокот меѓу Кери и Зариф се случи на третиот ден од последната рунда разговори меѓу Иран и 6-те светски сили- САД, Русија, Кина, Британија, Франција и Германија.

Разговорите беа одложувани со месеци поради противењето на Иран за нагло намалување на големината и силата на центрифугите кои може да го збогатат ураниумот до ниво потребно за гориво за реактор или за јадро на нуклеарни боеви глави.

Иран ги негира обвинувањата од Западот дека ја користи својата нуклеарна програма за тајно развивање на нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG