Достапни линкови

Папата ги повика муслиманите да ја осудат „Исламската држава“


Папата Франциско ги повика муслиманите и сите религиски лидери да ги осудат екстремистите на Исламската држава кои ја „злоупотребуваат“ религијата за да го оправдаат насилството. Говорејќи за време на вчерашната посета на Албанија, папата изјави дека убивањето во име на бог е гробосквернавење и оти дискриминирањето во име на бог е нехумано. Никој нека не се смета себеси за божји штит, додека планира и извршува акти на насилство и угнетување, рече тој.

Папата ги даде овие забелешки на мисата пред претседателската палата во главниот град Тирана. Тој, исто така, рече дека Албанија е инспиративен пример за верска хармонија. Тоа е посебен случај во овие времиња кога екстремните групи го изопачуваат автентичниот верски дух и каде што верските разлики се инструментализираат, додаде тој.

Околу 10 отсто од Албанците се католици, додека околу 60 отсто се муслимани. Стотици илјади христијани и муслимани, се собраа во албанскиот главен град Тирана за да го поздрават Папата за време на неговата еднодневна посета. Албанските власти ја зголемија безбедноста на највисоко ниво, по предупредувањата од Ирак дека милитантите од Исламската држава може да се обидат да го нападнат папата.

XS
SM
MD
LG